Интер со „покер-голови“ за враќање на чело во Серија А

6.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер со „покер-голови“ за враќање на чело во Серија А
фото: Inter (X)

Фудбалерите на Интер славеа над Комо со резултат од 4:0, во рамките на 14-то коло од италијанската Серија А, и со тоа повторно се пробија до водечката позиција на табелата. Барем до утре, кога Наполи ќе го пречека Јувентус, или до понеделник, кога Милан ќе игра на гостински терен против Торино.

Ова беше десетти триумф на Интер од почетокот на сезоната во Серија А и сега се на првото место со 30 бода, додека Комо е шести со 24 бода.

Лаутаро го постигна голот за водство на домашните, па со 1:0 Интер замина на одмор. Во вториот дел следуваше тотална доминација на „нероаѕурите“ кои постигнаа уште три гола.  Турам, Чалханоглу и Карлос Аугусто стрелаа прецизно во мрежата на Бутез и на крајот домашните обезбедија сигурен триумф.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата