Мечевите меѓу европските фудбалски гиганти во далечната Австралија продолжија и денес.
Екипата на Интер предмалку во пријателски меч во Перт, го совлада вечниот ривал Јувентус со конечни 2:1.
Ди Марко и Диуф беа стрелци во победата на Интер, додека пак на спротивната страна реализираше, Франциско Консеисао.
За Јувентус пак интересен податок е дека свое деби имаше новото засилување, интернационалецот од Босна, Керим Алајбеговиќ.

