Интер им се придружи на Јувентус, Аталанта и Наполи кои веќе обезбедија пласман во четвртфиналето на италијанскиот фудбалски куп. Вечерва на домашен терен, „нероаѕурите“ покажаа тотална доминација и со убедливи 5:1 славеа над екипата на Венеција.
Интер тргна силно и во период од 20 минути веќе имаше водство од 2:0. Прво Диуф погоди за 1:0, а по него и Еспозито за 2:0. До полувреме домашните направија и 3:0 со голот број еден на Турам.
Французинот на стартот на вториот дел ја продолжи голгетерската серија откако во 61. минута погоди и за 4:0. Гостите погодија преку Саградо за 4:1, а конечните 5:1 ги постави Бони во 75. минута

