Интер и трет натпревар по ред без победа, само реми во Фиренца

22.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер и трет натпревар по ред без победа, само реми во Фиренца
фото: Inter (X)

И трет натпревар едноподруго лидерот во Серија А, не успева да слави. Интер вечерва на гостувањето во Фиренца одигра само 1:1 против Фиорентина и остана на само шест бодови предност пред Милан во трката за Скудетото.

„Нероаѕурите“ тргнаа силно и уште во првата минута преку Еспозито успеаја да поведат со 0:1. Предноста Интер умешно ја одржуваше се до 77. минута, кога „виолетовите“ преку Ндур успеаја да дојдат до израмнување.

Гледајќи го текот на мечот и шансите, Интер на крајот може да биде и задоволен со бодот освоен на „Артемио Франки“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата