Има договор: Артета во Арсенал до 2030 година!

7.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Има договор: Артета во Арсенал до 2030 година!
фото: Arsenal @Arsenal (X)

Микел Артета потпиша нов договор со Арсенал, со кој на „Емирати“ ќе остане до 2030 година.

Според договорот, 44-годишниот Шпанец ќе заработува 17 милиони фунти годишно, а со бонусите сумата може да достигне 20 милиони.

Со тоа Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата, пред Оливер Гласнер, кој заработува 12 милиони фунти годишно плус бонуси.

Артета го презеде Арсенал во декември 2019 година, а минатата сезона ја прекина 22-годишната суша на клубот и ја освои шампионската титула во Премиер лигата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата