Икарди зажали што воопшто ја запозна Ванда Нара (ВИДЕО)

21.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Икарди зажали што воопшто ја запозна Ванда Нара (ВИДЕО)

Најголемиот љубовен скандал во историјата на светскиот фудбал секако е оној во кој што беа вклучени Макси Лопез, Мауро Икарди и Ванда Нара. Своевремено, уште во 2013 година, Икарди со прељуба ја презема сопругата на својот најдобар пријател Макси Лопез, а споменатата Ванда Нара стана топ тема на милиони медиуми во светот.

Оваа љубовна сага траеше десетина години, а Ванда, нормално според, карактерните особни кои ги има беше само прашање на време кога повторно ќе биде во центарот на вниманието.

Јавно го измами својот сеуште сопруг Икарди со раперот Ел Ганте, па нормално дека нејзиниот брак со сега веќе играчот на Галатасарај да се распадне.

Сето тоа би било во ред за Икарди доколку Ванда Нара сега има побарувања од 40 милиони евра и старателство врз ќерките, што за Икарди нормално е неприфатливо. Тој преку социјалните мрежи реши да сподели видеа и да искоментира како Ванда Нара константно е во неговиот дом, и дека му прави притисок околу ситуацијата.

Неговиот актуелен адвокатски тим го советувал да не го прави тоа но Икарди реши на ваков начин да се бори против жената која што очигледно планира да му го уништи животот. Икарди во моментов се опоравува од тешката повреда на коленото, а со години не е ниту сенка на играчот што некогаш беше.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата