Иднината на Вини е мистерија: Финални преговори со Реал следната недела!

1.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иднината на Вини е мистерија: Финални преговори со Реал следната недела!
фото: AFC Xtra @AFC__Xtra (X)

Продолжување на договорот или потенцијално заминување. Што ќе се случи со бразилската ѕвезда во Реал (М) сè уште неизвесно, пишува „Марка“.

Иднината на Винисиус останува целосна мистерија. Во наредните денови, тој ќе се сретне со Реал Мадрид за да одлучи дали ќе го продолжи договорот, да замине како слободен играч во 2027 година или да биде продаден во Арсенал во овој преоден рок.

Според „Атлетик“, бразилскиот крилен напаѓач е подготвен да ги намали барањата за продолжување со Реал Мадрид. Сепак, бонусот за потпишување е главната пречка. Во меѓувреме, раководството на Арсенал ги одобри бројките доколку можат да го комплетираат трансферот и верува дека играчот би бил отворен да им се придружи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата