Ибрахимовиќ го објави „идеалниот тим“ од свои поранешни соиграчи

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ибрахимовиќ го објави „идеалниот тим“ од свои поранешни соиграчи

Само неколку дена откако и официјално го објави своето пензионирање, Златан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи го објави и најдобриот тим составен од фудбалери со кои играл во својата долгогодишна кариера.

Во идеалниот тим на Ибра се најдоа:

ГОЛМАН: Буфон

ОДБРАНА: Турам, Тиаго Силва, Неста, Максвел

СРЕДЕН РЕД: Виеира, Чави, Недвед

НАПАД: Меси, Роналдињо, Ибрахимовиќ

Со оглед на тоа што имаше огромен број на играчи со кои настапувал, Швеѓанецот направи и листа на резерви во овој идеален состав, каде се најдоа: Жулио Цезар, Канаваро, Гатузо, Сидорф и Иниеста.

41-годишниот Ибрахимовиќ во долгогодишната кариера играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата