Ибрахимовиќ: За мене има само еден најдобар фудбалер на сите времиња – Роналдо!

7.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ибрахимовиќ: За мене има само еден најдобар фудбалер на сите времиња – Роналдо!
фото: Nerazzurri Society (X)

Поранешниот напаѓач на Барселона, Манчестер Јунајтед и Милан, Залатан Ибрахимовиќ, изјави дека за него има сам еден најдобар фудбалер на сите времиња, а тоа е Бразилецот Роналдо.

„За мене, Роналдо беше и останува најдобриот играч на сите времиња. Има многу одлични фудбалери, но за мене, тој е број еден. Кога тој играше немаше Инстаграм или Јутјуб. Одев во библиотека, барав видеа, се криев за да ги гледам неговите дриблинзи и движења. Сакав да ги научам тие трикови. Некако, благодарение на Мухамед Али и Роналдо, го развив својот стил. Го гледав Мухамед Али на телевизија, која тогаш беше црно-бела. Го гледав како зборуваше, како се однесуваше. Не беше арогантен. Како дете, веднаш сакав да знам кој е тој. Си реков: „Сакам да бидам како него, но во фудбалот“, вели Ибра.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата