И Сити победи, ЛУДИЛО на “Сент Џејмс Парк“, Челзи си гази!

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Сити победи, ЛУДИЛО на “Сент Џејмс Парк“, Челзи си гази!

Конечно. Манчестер Сити вечерва ја прекина својата црна, својата ужасна серија од седум меча во низа без победа во сите натпреварувања.

Вечерва четата на Пеп Гвардиола на свој терен со 3:0 го победи Нотингем Форест. Ова се бараше од Сити и Пеп. Стрелци на головите беа Бернардо Силва, Де Брујне и Доку.

Каков меч на “Сент Џејмс Парк“? Вистинско лудило. Њукасл водеше со 1:0 и 2:1 со головите на Исак и Гордон. Ливерпул израмнуваше и поведе со 2:3 со головите на Џонс и два на Салах, но во 90.минута Шер израмни и ги постави конечните 3:3.

Ова е еден од најубавите мечеви сезонава во ПЛ.

Очекувано Челзи на гостувањето кај Саутемптон победи со 1:5 и со тоа ја продолжи успешната серија. Нема дилеми, Челзи си гази под водство на Енцо Мареска.

Дисаси, Нкунку, Мадуеке, Палмер и Санчо беа стрелците за Челзи, иако според шансите требаше да биде барем 1:10.

Евертон со 4:0 на свој терен славеше против Вулверхемптон.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата