Неверојатно. Она што му се случува на Пелистер, истото му се случува и на европскиот шампион. ПСЖ нема да ја започне новата сезона во Лига 1 на “Паркот на Принцовите“ како што беше планирано. Натпреварот од првото коло против Рен е преместен на “Паркот Роасон“ откако инспекцијата покажа дека состојбата на теренот во Париз не дозволува да се гарантира безбедноста на играчите. Натпреварот требаше да се одржи во недела, 23 август, во 20:45 часот по локално време во Париз, но лошата состојба на теренот ја принуди Француската професионална фудбалска лига (LFP) да преземе необичен чекор со промена на местото на одржување. ПСЖ ја извести Лигата на 17 август за проблемите со теренот на „Паркот на Принцовите“.
🚨 𝗡𝗘𝗪: Parc des Princes’ pitch is in bad condition right now ahead of the start of Ligue 1. 🔴🔵
@CulturePSG pic.twitter.com/onr8w3wuUl
— Ayuba | Football News (@ayubafootball) August 19, 2026
На 19 август, специјализирано биро и делегат извршија детална инспекција на теренот. Заклучокот беше недвосмислен: во моменталната состојба, теренот не може да ја гарантира безбедноста на играчите. Продолжените високи температури во Франција во текот на летото се меѓу причините зошто теренот е во толку лоша состојба. Наместо да се одложи натпреварот, беше одлучено ПСЖ и Рен да ги заменат своите домашни терени.
Нивниот прв натпревар во сезоната ќе се одржи на стадионот на Рен, додека вториот дуел од сезоната, која првично беше закажан да се игра во Бретања, ќе се игра во Париз.
👀 Parc des Princes zemininin son hali. (Culture PSG) https://t.co/SgkTWUB53S pic.twitter.com/j7sxv9La2R
— L’Europe (@leuropefootball) August 19, 2026
Ова значи дека актуелните француски и европски шампиони ќе ја започнат својата кампања на гостински терен. Парижаните веќе работат на решение за проблемот. Клубот посочи дека е пронајдено решение за замена на теренот на “Паркот на Принцовите“ пред следните домашни натпревари.

