Дали некој навистина си ја знае својата работа? Ова прашање си го поставуваат фудбалските фанови во Англија за потегот на в.д.селекторот на Англија, Ли Карсли кој за ноемврискиот циклус во Лигата на Нации повика повреден фудбалер и тоа на Манчестер Сити. Стануба збор за Џек Грилиш кој во последно време е надвор од тимот на Сити, а по ова и Пеп Гвардиола не криеше дека е шокиран.
“Не би сакал да навлегувам во работи кои не се во мој домен, но треба да се знае дека Џек е повреден. Во текот на изминатите 17 дена тој беше надвор од тренажниот процес, на последниот тренинг работеше само дваесетина минути. Навистина не ми е јасна таквата одлука, но за тоа ќе треба да го прашате селекторот на Англија а не мене“ изјави Гвардиола.
Инаку Ли Карсли по ноемврискиот циклус ќе се збогува со в.д. Должноста селектор на Англија со оглед на тоа дека од 1 јануари на таа функција доаѓа Томас Тухел.