И Интер Мајами се пофали: Официјално – Лео Меси! (ВИДЕО)

7.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Интер Мајами се пофали: Официјално – Лео Меси! (ВИДЕО)

Откако Лео Меси потврди дека се сели во САД, на Флорида во тимот на Интер Мајами, неколку минути подоцна на своите социјални мрежи и самиот клуб ја потврди оваа информација со специјално видео.

Нема веќе дилеми. Најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот, веројатно, својата кариера ќе ја продолжи а можеби и заврши во МЛС, во тимот од Флорида.

Неофицијално Меси ќе заработува најмалку 50 милиони евра нето а тука се и големите бонуси од спознорите и оваа сума ја прават неколку пати поголема.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата