И ФИФА се огласи по пресудата за навивачите кои расистички го навредуваа Винисиус!

11.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И ФИФА се огласи по пресудата за навивачите кои расистички го навредуваа Винисиус!

Откако тројца навивачи на Валенсија добија затворски казни од по 8 месеци поради расизам кон Винисиус, се огласи и ФИФА, поточно претседателот на Светска куќа на фудбалот, Џани Инфантино.

Тој ја поздрави оваа одлука на шпанскиот суд:

Задоволен сум што гледам цвста акција и казна која ја одредија шпанските власти по повод расистичкото навредување кон Винисиус. Тоа е позитивен чекор“ напиша Инфантино на Инстаграм.

Инаку ова е прва ваква одлука или пресуда во шпанскиот фудбал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата