Гвардиола за одбраната на Ортега: Го спаси Сити, инаку Арсенал ќе беше шампион!

15.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвардиола за одбраната на Ортега: Го спаси Сити, инаку Арсенал ќе беше шампион!

Манчестер Сити има нов херој, а тоа е вториот голман Ортега, кој во 86.минута на 0:1 спаси чист гол по зицерот на Сон. Јасно е дека ако беше 1:1 тешко дека Тотенхем ќе го загубеше мечот а со тоа Арсенал најверојатно ќе ја освоеше титулата.

Тоа добро го знае и Пеп Гвардиола:

Ортега е класа голман, тој ова го прави цело време откако е со нас. Факт е дека го спаси Сити, инаку Арсенал ќе беше шампион. Ортега е еден од најдобрите голмано во светот во ситуација `еден на еден`. Сега имаме ситуација сами да решаваме, но ништо не е готово. Таквите мечеви се најтешки, нема да ни биде лесно, против себе имаме силен ривал, но мора Вест Хем да го победиме“ посочи Пеп.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата