Гвардиола селектор на Бразил? Еве што вели претседателот на федерацијата!

9.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвардиола селектор на Бразил? Еве што вели претседателот на федерацијата!

Се почесто и почесто низ фудбалскиот свет се шири “приказната“ дека Пеп Гвардиола следното лето или во тоа 2026 година, ќе седне на селекторската фотеља на Бразил.

Јасно е дека овие шпекулации се интересни, Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери во историјата а Бразил е најтрофеен тим на СП.

По овие гласини свој коментар имаше првиот човек на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригез:

Разбирам дека Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот, но искрено ние не го бараме ниту го баравме. Бразил има селектор а тоа Доривал Жуниор и толку од сите шпекулации“ истакна Родригез.

Очекувано, сепак тоа е Бразил и тој нема да си дозволи да каже дека имаат преговори со Пеп се додека тука е Доривал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата