Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола зборуваше по победата на неговиот тим од 3:0 над Нотингем Форест во 14. коло од англиската Премиер-лига. Со овој триумф, „граѓаните“ ја прекинаа ужасната серија од четири последователни порази во Премиер-лигата, како и 7 последователни натпревари без победа во сите натпреварувања.
„Победивме. Тоа е главната работа. Денес е убав ден. Ни требаше оваа победа. Клубот, играчите – на сите им е потребно. Не знам дали овој натпревар ќе биде пресвртница за Сити. Тоа е само една победа“, изјави Гвардиола.
Победата им овозможи на „граѓаните“ привремено да се вратат во топ 4, каде што имаат шанса да ја завршат рундата доколку Брајтон направи грешка против Фулам оваа вечер.