Гвардиола: Не знам дали Ливерпул е најдобриот тим во светот, но секако е меѓу најдобрите

29.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвардиола: Не знам дали Ливерпул е најдобриот тим во светот, но секако е меѓу најдобрите

Викендов, поточно в недела со почеток од 17 00 часот се игра големото дерби од Премиер лигата помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул. Двата тима се во дијаметрално спротивна ситуација, Сити не знае за победа веќе неколку мечеви, се мачи на секое поле, додека Ливерпул „пука“ од сила со новиот менаџер Арне Слот.

Како најава за дербито на денешната прес конференција, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола рече дека тимот на Ливерпул секако дека е еден од најдобрите на светот.

„Прв пат се појавувам во јавноста по последниот пораз, во вториникот. Ја прифаќаме ситуацијата во која се наоѓаме. Во мојот живот научив да одам напред и во добри и во лоши моменти. Добро се подготвуваме за натпреварот на „Енфилд“ и еве, крајот на ноември е, па имаме уште многу месеци фудбал“ – рече Пеп па продолжи.

„Дали Ливерпул е најдобриот тим во светот? Не знам. Еден од најдобрите во однос на резултатите. Арне прави неверојатна работа. Кога луѓето велат дека Сити е најдобриот тим, јас не обрнувам внимание. Во ситуацијата во која се наоѓаме не е реално да се зборува за големи цели. Но и во оваа ситуација не е реално да се размислува за титулата во ноември. Ливерпул е навистина во добра форма. Тие се толку моќни во секоја фаза. Секогаш размислувам за целите во март или април. Во ноември и декември не е важно што ќе се случи во недела. Поразот сигурно ќе ги отежни работите, но сепак ќе има многу натпревари. Ако победиме? Еден резултат нема да промени ништо. Расположението ќе биде подобро, но три дена подоцна имаме натпревар против Нотингем Форест и треба да си докажеме дека имаме стабилност. И вие сте стабилен кога ќе победите на 10, 11 или 12 натпревари по ред, како што направивме ние. Енфилд е најдоброто место за да се вратиме на победите. Ова е најдобриот тест за да откриете колку можете да бидете стабилни. Ќе се вратиме, знам. Но, не знам кога“ – рече Пеп па поентираше. 

Почетокот на Слот како менаџер е навистина добар. Играта е попозиционирана, но сепак се силни во транзиција. Секој удар од корнер или фаул за нас е транзиција за нив можност за контра. Пред тоа беа Мане, Фирмино и Салах, сега се Диаз, Нунес и Салах. Во минатото против нив ги водевме најголемите битки. Ништо не се смени. Тие загубија само еден натпревар во сите натпреварувања“ – финишираше менаџерот на Сити. 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата