Готово е: Барселона и официјално е ШАМПИОН! (ФОТО+ВИДЕО)

15.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Готово е: Барселона и официјално е ШАМПИОН! (ФОТО+ВИДЕО)

Готово е, дефинитивно е, официјално е. Барселона вечерва стави печат на својата 28 титула во Ла Лига. Со победата од 0:2 во градскиот дуел на гости кај Еспањол, сега четата на Ханси Флик има +7 бода предност пред вториот Реал Мадрид на две кола до крајот.

Ова значи дека каталонската гордост и математички е првак, па така може да се слави пехарот кој по пауза од една година, повторно ќе биде во витрините во еден од најголемите клубови во историјата и веројатно најспектакуларниот тим во оваа сезона.

Стрелци на головите беа МАЕСТРО Ламине Јамал во таа 53.минута и Фермин во судиското продолжение.

Тоа беше магичен, фантастичен гол за фантастичниот, за СУПЕР ЛАМИНЕ.

На вториот меч од вечерашниот термин од 21.30 екипата на Билбао со 0:2 славеше кај Гетафе.

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата