Маркос Љоренте на 31 година донесе изненадувачка одлука да стави крај на репрезентативната кариера. Фудбалерот на Атлетико Мадрид се повлече од репрезентацијата на Шпанија само месец и половина откако со националниот тим ја освои светската титула.
Љоренте откри дека одлуката ја донел уште пред Светското првенство и дека таа немала никаква врска со исходот на турнирот. Тој нагласи дека станува збор за лична одлука, донесена по долго размислување.
За Шпанија дебитираше во ноември 2020 година, а во националниот дрес одигра 27 натпревари. Настапи на Европското првенство во 2021 година и на две светски првенства.

