Пред две години Ливерпул за сума од 100 милиони евра, тука се и бонусите, го купи Дарвин Нуњез од Бенфика. Сепак Уругваецот не успеа да се наметне како еден од најдобрите напаѓачи во Премиер-лигата. Дарвин добиваше шанса, и кај Јирген Клип, но и сега кај Арне Слот, но неподелени се мислењата на фановите на “Редси“ и во јавноста, дека тој не е за Ливерпул.
Токму затоа Слот одлучил да се продаде Уругваецот и тоа за далеку помала сума од таа со која беше купен. Се споменува 60 милиони евра. Најголем интерес пројавува Њукасл, како замена за Александер Исак, но овој клуб има намера да го купи Дарвин Нуњез во јуни а не сега во јануарскиот зимски преоден рок.