Гладбах со гостински триумф, Маинц тоне ли тоне

5.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гладбах со гостински триумф, Маинц тоне ли тоне

Во единствениот денешен дуел од новото коло во Бундес лигата, тимот на Борусија Менхенгладбах со минимално 0:1, успеа да слави кај тимот на Маинц.

Во првиот дел, гостите дојдоа до водство, но погодокот на Леиц беше поништен од ВАР поради играње со рака.

Сепак, во вториот дел, Гладбах сепак дојде до водство, откако Да Коста си постигна автогол.

Со оваа победа Борусија М. е на солидното деветто место со 16. поени, а Маинц е последен со досегашните седум.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата