Фудбалот е во огромна експанзија, нема веќе селекција која што важи за тотален аутсајдер и сите се стремат кон успех и кон напредок.
Една од земјите која што во последните седона, две три, има напредок е Гибралтар. Често споменувана само како шега во фудбалскиот свет, оваа земја има сериозни планови.
Па така, објавено е дека по двегодишна подготовка, во 2026 година ќе се стартува со изградба на нов објект, стадион кој што ќе служи за потребите на екипите, и селекциите на оваа земја.
Стадионот ќе биде од четврти ранг според скалилото на УЕФА, а ќе има капацитет од 8000 гледачи.

