Германците со интересна идеја: ЕП во фудбал на Балканот, а земја домаќин и Македонија!!!

10.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германците со интересна идеја: ЕП во фудбал на Балканот, а земја домаќин и Македонија!!!

Неверојатно! Супер идеја. Фантастична идеја која Германците ја форсираат.

Можете ли да замислите ЕУРО во фудбал кое ќе се одржи во шест балкански земји – Грција, Хрватска, Србија, Албанија, Македонија и Бугарија, пишува германската веб-страница „Спортс Рендер“, специјализирана за стадиони низ целиот свет.

Спортс Рендер“ има 167.000 следбеници, а во следната статија насловена како „Обединето балканско Евро? Еве како би изгледало – спектакуларно“, Германците објаснуваат зошто такво Евро би било добра идеја.
Секоја земја би обезбедила два стадиони за Евро, а овој турнир не само што би донел врвен фудбал во еден од најстраствените региони на Европа, туку би симболизирал и единство и соработка во еден историски сложен, но културно богат агол на континентот. Првенството, наречено Евро Балкан, би било можност да се покаже како фудбалот може да ги поврзе луѓето преку границите.
Коорганизирањето на турнирот би им овозможило на разновидните стадиони, навивачки култури, градови и пејзажи во регионот да фрлат светлина. Од јадранскиот брег на Хрватска до античките урнатини на Атина, Балканот нуди мешавина од историја, фудбалска страст и потенцијал за незаборавен меѓународен настан.

Ова е сон кој може да успее!!!

ФОТО: УЕФА/Х


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата