Мишел Канг e новата претседателка на францускиот фудбалски гигант Олимпик Лион, соопшти прес-службата на францускиот клуб.
66-годишната корејско-американска бизнисменка, која е во одборот на Лион од 2023 година, ќе го замени Американецот Џон Текстор, кој го напушти одборот. Канг е првата жена претседател во историјата на клубот.
Михаел Герлингер, кој помина 18 години во Баерн, е назначен за извршен директор на Лион. Неговата последна позиција во клубот од Минхен беше потпретседател за спортски бизнис и натпревари.
Претходно, Националниот оддел за контрола и управување (DNCG) ги исфрли седумкратните француски шампиони во Лига 2 поради финансиски проблеми. Клубот не се согласи со оваа одлука и поднесе жалба.