Гатузо: Не ми требаат играчи кои испишале фудбалска историја

7.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гатузо: Не ми требаат играчи кои испишале фудбалска историја

Со Хајдук се поврзуваат Един Џеко и Иван Ракитиќ, ветераните кои оставија белег во европскиот фудбал. Но тренерот Џенаро Гатузо изјави дека не ги сака.
Не ме загрижува што уште не сме донеле нови играчи. Претседателот и луѓето во клубот знаат дека не сакам играчи кои пишувале фудбалска историја. Сакам играчи кои се добри за мојот стил на фудбал, функционални и брзи, кои се спремни да се носат со притисокот од 25, 30 илјади луѓе“, изјави Италијанецот.

Чекам два крилни напаѓачи, а потоа ќе видиме. Испраќаме понуди, некои од нив сакаат премногу пари. Ќе видиме што ќе се случи. Најважно е да не донесеме играч само за да го донесеме. Тоа не е добро. Не треба да се погреши при изборот“, вели Гатузо.
Хајдук во подготвителниот период одигра со украински Шахтјор со резултат 1:1.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата