Франција – Шпанија 0:2 е исходот од првото полуфинале на СП во Далас, тоа значи дека “Фуријата“ е финалист а таму ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Аргентина – Англија. Во ова финале, второ за Шпанија, ќе атакува по втората титула, по онаа од 2010.
Ојарзабал од пенал во првото полувреме, а Поро во второто беа стрелците за победничкиот состав.
Уф, каков меч на Шпанија која во голем дел од мечот си поигруваа со “Триколорите“, едноставно беа далеку подобар тим. А “страшната“ Франција играчки беше декласирана. Шпанија просто го расипа спектаклот.
Ова полуфинале започна доста мирно, но само во првите минути кога Шпанија ја презеде контролата на теренот. Доминираше, имаше посед, а имаше и неколку закани, Франција никаде ја немаше, како воопшто да не беа на теренот на овој полуфинален меч.
Се играше 20.минута кога Дињ направи фаул врз Јамал, тоа секако дека беше пенал, а Ојарзабал во 22.минута беше сигурен пеналџија за 0:1.
До крајот на првиот дел Шпанија исто доминираше, имаше шанси за поубедливо водство, па така останаа тие 0:1.
Веќе во второто полувреме Франција очекувано тргна со сите сили во напад, а со тоа се отворија контрите на „Фуријата“. Па така во Поро во 58.минута стрелаше за 0:2. Следуваше и уште еден гол, на Јамал за 0:3, но поради офсајд тој беше поништен.
Мбапе во 66.минути за малку ќе го намалеше резултатот на 2:1, но немаше среќа.
Франција очајно се обидуваше да дојде барем до гол, со тоа да го направи финишот интересен, но ништо од тоа. Шпанија знаеше како треба. Едноставно “Фуријата“ одигра “докторски“ меч ова полуфинале, Ни Черки, ни останатите кои влегоа во игра, не направија некоја поголема промена во играта на Франција.
И тоа е тоа, Шпанија е во финалето.

