Фулам го „шокираше“ Ливерпул (ВИДЕО)

6.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фулам го „шокираше“ Ливерпул (ВИДЕО)

Тимот на Фулам е викенд херојот во Премиер лигата одкако попладнево на свој терен го совлада тимот на Ливерпул со конечни 3:2. Мечот имаше интересен и неизвесен тек откако гостите според планираното поведоа преку Мек Алистер во 14. минута. Сепак, следуваа три гола на домашните кои беа клучни за овој дуел. Во 23., 32, и 37. минута погодија Сесењон, Ивоби и Муниз за 3:1.

Луис Диаз намали во 72. минута на 3:2, но само за да го постави конечниот резултат на овој меч.

Тотенхем од друга страна немаше проблеми со веќе второлигашот Саутемптон и победи со 3:1 на свој терен. Стрелци беа на два пати Џонсон и еднаш Тел.

Претхнодно денеска Брендфорд и Челзи одиграа без голови.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата