Фудбалерите на Тотенхем сметале дека Френк е залутан во Лондон: Тој е тренер за мали клубови!

12.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фудбалерите на Тотенхем сметале дека Френк е залутан во Лондон: Тој е тренер за мали клубови!
ФОТО: Tottenham Hotspur/FB

Магазинот „Атлетик“ објави дека на многу играчи од екипата на Тотенхем не им се допаѓал „ограничениот“ стил кој го имал менаџерот Томас Франк.

Извор близок до еден од играчите од првиот тим, кратко пред отпуштањето на тренерот, рекол дека тој во суштина бил специјалист за „мал тим“, фокусиран на компактна одбранбена формација, долги додавања и контранапади. Дотичниот играч сметал дека под таква тактика, покажува само „десет проценти“ од својот потенцијал.

Друг фудбалер забележа дека иако Анже Постекоглу не бил најдобриот тренер, тимот го почитувал, се восхитувал на неговата харизма и ги слушал неговите зборови. Во исто време, играчите брзо престанале да го слушаат Френк; според нив, личноста на тренерот не одговарала на голем тим.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата