Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека нема проблем со одлуката на ФИФА натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко да го суди аргентински судиски тим.
Одлуката предизвика бројни реакции, со оглед на тоа дека во случај на пласман во финалето, Франција би можела повторно да се сретне со Аргентина, ривалот од финалето на Светското првенство во 2022 година.
„Мораме да ја прифатиме таа одлука. Им верувам на судиите. Нашиот противник е Мароко, а не судијата“, рече Десан на прес-конференцијата.
Дешамп нагласи дека очекува исклучително тежок натпревар против Мароко.
„Мароко нема профил на тим како Парагвај. Ќе мора да бидеме многу ефикасни, бидејќи е врвна репрезентација. Како што се искачувате на врвот на планината, нивото на противникот е сè повисоко и повисоко. Самиот менталитет не победува натпревари, но може да биде причина зошто ќе ги изгубите“, заклучи селекторот на Франција.
Дуелот помеѓу Франција и Мароко е закажан за четврток од 22:00 часот.

