Франција вечерва без Чуамени за дуелот со Парагвај

4.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Франција вечерва без Чуамени за дуелот со Парагвај
фото: Fabrice Hawkins @FabriceHawkins (X)

Дефанзивниот играч за врска, Орелиен Чуамени, нема да ѝ помогне на Франција на натпреварот против Парагвај во 1/8-финалето на Светското првенство вечерва.

26-годишниот Французин нема а излезе на теренот на стадионот „Филаделфија“ во САД. Отсуството на играчот поради болки во колкот моментално се проценува на пауза од околу четири дена, па затоа би можел да се врати на теренот за следната рунда доколку тимот на Дидие Дешан обезбеди четвртфинале.

Централниот играч за врска Ману Коне ќе го замени Чуамени во почетниот состав за натпреварот против Парагвај.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата