Долго време ја немаше Фиорентина на трансферниот пазар, а во последниот ден од зимскиот преоден рок направи серија на трансфери. Всушност се беше дововорено претходните денови, но во последните 24 часа ги комплетираше сите пет трансфери вредни преку 70.000.000 евра. Додуша поголем дел од парите ќе ги исплатат од лето, а сега ќе плати „само“ 24.500.000 евра.

За кои фудбалери се работи? Најголемото засилување е Алфред Данкан кој дојде од Сасуоло на позајмица со обврзувачки откуп на договорот за 15.000.000 евра плус 2.000.000 во бонуси. Се работи за поранешен младински играч на Интер со кој ја освои младинската ЛШ.

Покрај него ангажиран и бразилскиот дефанзивец Игор од СПАЛ. Позајмица вредна 1.500.000 евра со задолжителен откуп на крајот на сезоната за 5.000.000 евра и плус 2.000.000 евра како бонуси.

Дојде и младиот напаѓач Кристијан Куаме од Џенова. Клубот од Тоскана за него плати 11.000.000 евра сега, а со бонуси сумата ќе достигне 13.000.000 евра. Куаме летоска беше пред трансфер во Аталанта но трансферот пропадна затоа што тој се повреди.

Фиорентина успеа да го претекне  Наполи за потписот на Софијане Амрабат од Верона. Мароканецот ќе ја доигра сезонава во Верона, а потоа ќе и се приклучи на „Виола“. Сумата за трансфер изнесува 20.000.000 евра и уште 1.500.000 евра во бонуси. Со оглед на тоа дека на почетокот на сезоната играше за Бриж, па дојде во Верона, не можеше да игра за трет клуб во една сезона.

И петиот нов играч е Кевин Агудело од Џенова. Доаѓа на позајмица од 18 месеци со задолжителен откуп до летото 2021 година за 11.000.000 евра.

Да потсетиме дека Фиорентина го анжагираше и Патрик Кутроне од Вулверхемптон за 18.000.000 евра. Тоа значи вкупниот трошок за зимски трансфери со се бонусите изнесува околу 90.000.000 евра.

Заминаа Кевин Принс Боатенг во Бешикташ, Лука Раниери во Асколи, Монтиел во Виторија Сетубал и Валентин Есерик во Верона.