Фиорентина ја доби битката на дното против Кремонезе

16.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фиорентина ја доби битката на дното против Кремонезе

Кога беше можеби најпотребно тимот на Фиорентина успеа да освои бодови кои можеби на крајот од сезоната да бидат клучни за опстанокот.

Вечерва, тимот од Фиренца на гостувањето кај Кремонезе успеа да победи со 1:4, и да се одвои колку толку од давениците на табелата.

Париси погоди во 25 минута за 0:1, Пицоли во 32. за 0:2, а Додо веќе во 49. направи 0:3.

Окереке намали за домашните, а конечниот резултат го постави Гудмундсон.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата