Фијаско на играч на Реал: Ја побарал „дестката“ на Модриќ, Алонсо порачал дека го продаваат!

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фијаско на играч на Реал: Ја побарал „дестката“ на Модриќ, Алонсо порачал дека го продаваат!
Фото: Реал Мадрид X

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус и се пласираше понатаму на Светското клупско првенство, но фокусот по натпреварот падна врз иднината на бразилската ѕвезда Родриго.

Како што пренесува шпанскиот портал Defensa Central, тренерот Чаби Алонсо му соопштил на Родриго по мечот дека многу веројатно ќе го напушти клубот до крајот на преодниот рок. Иако Родриго би имал место во речиси секој клуб во светот, во Реал веќе нема приоритет, па дури и против Јувентус не доби ниту една минута на теренот.

Наводно, претседателот Флорентино Перез очекува околу 80 милиони евра од неговата продажба. Се шпекулира дека трансферот може да се одолговлечи до август, бидејќи сите страни – клубот, купувачот и играчот – треба да бидат задоволни со условите.

Родриго сака да игра редовно и да обезбеди место во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство следната година. Затоа, тој е подготвен и сам да побара трансфер по завршување на Светското клупско првенство и враќањето на тимот во Мадрид.

Интересно, Родриго пред само неколку дена беше споменуван како потенцијален наследник на „десетката“ од Лука Модриќ, кој по 13 години го напушта Реал и е пред потпис со Милан. Но, наместо нова улога во Мадрид, Родриго сега се чини дека ќе ги спакува куферите, исто како и неговиот фудбалски ментор.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата