ФИФА му порача на Мартинез – доста

28.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИФА му порача на Мартинез – доста

Аргентинската фудбалска асоцијација соопшти дека Емилијано Мартинез, голманот на „гаучосите“ е суспендиран за следните два натпревари од јужноамериканските квалификации за Светското првенство.

Ваква одлука донесе Меѓународната куќа на фудбалот (ФИФА) пред натпреварите во октомври со Боливија и Венецуела, без да навлегува во причините за оваа казна.

Натпреварите се закажани за 10-ти и 15-ти октомври, а доволно е да се навратиме на претходните два меча на Аргентина за да се разбере заднината на оваа одлука.

Сите добро се сеќаваат на непримерниот гест на Мартинез во Катар кога му го врачија трофејот за најдобар голман на Светското првенство, а истото неодамна го повтори и со трофејот од Копа Америка по натпреварот со Чиле.

Тогаш избраниците на Лионел Скалони беа поразени од Колумбија, а Мартинез беше особено погоден од неуспехот, па луто ја удри камерата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата