ФИФА ги одреди шеширите за ждрепката за Светското клупско првенство

3.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИФА ги одреди шеширите за ждрепката за Светското клупско првенство

ФИФА денеска ги објави шеширите од кои ќе се извлекуваат групите на првото издание на Светското клупско првенство со 32 клуба. Следната година турнирот за првпат ќе се одржи во нов формат во кој групната фаза ќе биде поделена во 8 групи со по 4 екипи. Според правилата на ФИФА, екипите од иста земја не можат да се сретнат една иста во група.

Ждрепката за одредување на групите е закажана в четврток (5 декември) во Мајами.

ШЕШИР 1 : Манчестер Сити (Англија), Реал Мадрид (Шпанија), Баерн Минхен (Германија), ПСЖ (Франција), Фламенго (Бразил), Палмеирас (Бразил), Ривер Плата (Аргентина), Флуминенсе (Бразил)

ШЕШИР 2 : Челзи (Англија), Борусија Дортмунд (Германија), Интер (Италија), Порто (Португалија), Атлетико Мадрид (Шпанија), Бенфика (Португалија), Јувентус (Италија), Ред Бул Салцбург (Австрија).

ШЕШИР 3 : Ал Хилал (Саудиска Арабија), Улсан Хјундаи (Јужна Кореја), Ал Ахли (Египет), Видад (Мароко), Монтереј (Мексико), Леон (Мексико), Бока Јуниорс (Аргентина), Ботафого (Бразил)

ШЕШИР 4 : Урава Ред Дајмондс (Јапонија), Ал Аин (ОАЕ), Есперанс (Тунис), Мамелоди Сандаунс (Јужна Африка), Пачука (Мексико), Сиетл Саундерс (САД), Окленд Сити (Нов Зеланд), Интер Мајами (САД).


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата