ФА Куп: Семењо дебитираше со гол во “десетката“ за Сити, Кристал Палас елиминиран од шестолигаш!

10.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФА Куп: Семењо дебитираше со гол во “десетката“ за Сити, Кристал Палас елиминиран од шестолигаш!
ФОТО: Manchester City/FB

Попладнево се одиграа повеќе мечеви од 1/32 финалето во ФА Купот. Јасно беше дека сите погледи беа свртени кон „Итихад“ каде своето деби го имаше Антоан Семењо за Манчестер Сити против нисколигашот Ексетер, меч кој на крајот заврши со убедливи 10:1.

И имаше супер деби ако се знае дека постигна гол за 6:0 и тоа во 54.минута. Интересно Халанд беше стартер, ама откако не се запиша во листата на стрелците на полувремето тој остана во соблекувалната.

Ова е историска победа на Сити, кога се работи за тоа колку голови се постигнати. Една од најубедливите победи во историјата на клубот.

Кристал Палас, освојувачот на трофејот и тоа како ги разочара своите фанови со оглед на тоа дека беше елиминиран од шестолигашот Маклсфилд на гости со 2:1.

Евертон на пенали беше елиминиран дома од Сандерленд во пенал серија. “Карамелите“ изведоа три пенали и сите ги промашија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата