Евертон би го избркал Дајч уште утре, но прво чека да постави нов директор

6.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евертон би го избркал Дајч уште утре, но прво чека да постави нов директор

Менаџерот на Евертон, Шон Дајч, е под зголемен притисок по поразот од Бoрнмут викендов, но нема да добие отказ уште извесен период. Евертон победи на само три од нивните 19 натпревари во Премиер лигата досега и постигна само 15 гола на 19 натпревари , што е втор најлош резултат во лигата. Новите сопственици на Евертон, Групацијата Фридкин, засега не размислува за отказ на Дајч, затоа што се уште бараат решение за директорското место.

Според „Скај Спортс“, новата управа чека прво да се консолиираат административните позиции, па потоа ќе одлучува за менаџерски промени. Тоа значи дека шон Дајч ќе биде сигурен уште најмалку неколку недели, но доколку продолжат лошите резултати, сопствениците можат да бидат принудени да дејствуваат порано.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата