Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

21.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза.
Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и Германија, привлекува сè поголемо внимание. Со победата над Брегот на Слоновата Коска, Германија го обезбеди врвот во својата група и според сегашните проекции, ја чека малку полесен противник во првиот нокаут натпревар. Сепак, веќе во следната рунда, тие би можеле да се сретнат со победникот од Група И, каде што Франција е главен фаворит за првото место. Ова отвора интересно прашање, дали Французите ќе го бркаат првото место по секоја цена? Имено, ако тимот на тренерот Дидие Дешан заврши како лидер во групата, многу веројатно веќе би играл против Германија во осминафиналето.
Од друга страна, второто место би можело да им донесе многу поповолен пат низ турнирот, со потенцијални дуели против репрезентации како Брегот на Слоновата Коска, Мароко или Јапонија.
Секако, сè уште има многу натпревари до групната фаза, и многу работи можат да се променат. Сепак, веќе е јасно дека евентуалниот судир меѓу Франција и Германија би бил првото вистинско супер дерби од нокаут фазата на Светското првенство.
Таквото сценарио сигурно би ги израдувало неутралните навивачи, но останува да се види дали Французите ќе размислуваат исклучиво за победи или ќе се обидат да најдат поповолен пат кон крајот на турнирот.
Во првото коло, Франција го победи Сенегал со 3:1, а утре во 23:00 часот ќе игра против Ирак, додека на 26 јуни ќе игра против Норвешка и ќе биде интересно дали Французите тогаш ќе го „намалат гасот“, за да избегнат прво место и судир со Германија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата