Еве како Барса го растури Реал во анимирана верзија! (ВИДЕО)

14.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве како Барса го растури Реал во анимирана верзија! (ВИДЕО)

Фудбалскиот свет и натаму се воодушевува на настапот, играта и пред се резултатот на Барса против Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија. Четата на стратегот Ханси Флик победи со 5:2 во Џеда, тоа беше вистинска фудбалска рапсодија. Којзнае, ако не беше црвениот картон на Шчесни што ли ќе му се случеше на тимот од Мадрид.

Како обично, кога се случуваат вакви епски мечеви или настани, тогаш тие добиваат и анимирана верзија.

Па така и ова “Ел Класико“ си доби анимирана верзија во која фановите на Барса ќе сакаат со уживање да го погледнат, додека оние на Реал ќе сакаат што побргу да го заборават.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата