Еспањол ја покори Баскија!

22.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еспањол ја покори Баскија!
ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB

Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера. Алекс Беренгер го доведе баскискиот тим во водство во 38-та минута, а Еспањол израмни шест минути подоцна со волеј гол на Карлос Ромеро.
Победата за тимот од Барселона ја донесе Пере Мила во 52-та минута.
По петтата победа во низа, сега Еспањол е на петтото место во Примера со 33 бода, а Атлетик Билбао е на осмата позиција со 23 бода.
Во следното коло, Еспањол ја пречекува Барселона во градското дерби, додека Атлетик Билбао е домаќин на Осасуна.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата