Ериксен и Волфсбург и официјално „раскинаа“

23.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ериксен и Волфсбург и официјално „раскинаа“
фото: Florian Plettenberg (X)

Кристијан Ериксен и Волфсбург спогодбено го раскинаа договорот, потврди германскиот клуб. Данскиот фудбалер имаше договор до 30 јуни 2027 година, но побара предвремено прекинување на соработката.

Одлуката доаѓа само неколку месеци откако Ериксен повторно се соочи со сериозен здравствен проблем на теренот. Во јуни годинава тој ја загуби свеста за време на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина во Одензе, по што мечот беше прекинат.

Ериксен брзо се освести, а лекарите потврдија дека неговиот имплантиран дефибрилатор реагирал како што треба.

Сега 34-годишниот играч одлучи да биде поблиску до семејството во Данска.

„Во моментов ми е важно да бидам блиску до моето семејство“, порача Ериксен.

За Волфсбург одигра 34 натпревари, постигна три гола и забележа десет асистенции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата