Енрике потпишал нов договор со ПСЖ

17.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Енрике потпишал нов договор со ПСЖ

Шпанскиот стратег Луис Енрике потпишал нов договор со Пари Сен Жермен. Споре добјавата на новинарот Фабрицио Романо, новиот договор ќе трае до јуни 2027 година.

Актуелниот договор на Шпанецот истекуваше во летото 2025 година, што значи дека засега Енрике го продолжува престојот за уште две години. Според француските изданија, планот на Енрике со ПСЖ е долгорочен, бидејќи тој има за цел да изгради тим кој одговара на неговите сопствени идеи. Управата на клубот е задоволна и од насоката во која се движи тимот под негово водство.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата