Ендрик: Ова беа најдобрите шест месеци во мојот живот… градев куќа!?

5.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ендрик: Ова беа најдобрите шест месеци во мојот живот… градев куќа!?
фото: Fabrizio Romano (X)

Младиот напаѓач на Реал (М), Бразилецот Ендрик, кој оваа зима замина на позајмица во Олимпик Лион, изненадувачки изјави дека првите шест месеци од оваа сезона биле најдобрите во неговиот живот.

Во првата половина од сезоната, Бразилецот одигра еден натпревар во Ла Лига, играјќи 11 минути против Валенсија (4-0). Тој исто така одигра 77 минути против Талавера во Купот на Кралот (3-2).

„Искрено, им кажувам на сите околу мене дека ова беа најдобрите шест месеци во мојот живот. Имав време за моето семејство, за градење куќа… Денес станав подобар човек и подобра личност. Среќен сум“, изјавил Ендрик.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата