Екс-напаѓачот на Баерн (М) потпишува за Њујорк Ред Бул

29.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Екс-напаѓачот на Баерн (М) потпишува за Њујорк Ред Бул

Некогашниот напаѓач на Баерн (М) и ПСЖ, Ерик-Максим Чупо-Мотинг, ќе биде нов фудбалер на Њујорк Ред Булс во МЛС лигата. Тој заминува во САД како слободен агент.

35-годишниот напаѓач ќе потпише договор со клубот на најмалку две години. Камерунецот веќе го поминал лекарскиот преглед и од јануари 2025 година ќе игра за Ред Булс.

Техничкиот директор на групацијата клубови кои се под брендот Ред Бул, Марио Гомез, инаку поранешен напаѓач на германската репрезентација, одиграл клучна улога во трансферот. Последниот клуб на Чупо-Мотинг беше Баерн, кој го напушти на крајот на минатата сезона.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата