Германецот со босанско потекло, Един Терзиќ и официјално е нов тренер на тимот на Атлетик Билбао. Младиот ин ултра перспективен стратег ја водеше екипата на Борусија Дортмунд се до финалето на Лигата на Шампионите каде што тимот за губи од Реал Мадрид со 0:2. Овој момент во неговото портфолио секако дека е водечки момент, Терзиќ да довие ултра атрактивно ново работно место, кое што е олицетворено во баскискиот клуб.
Терзиќ ќе го преземе Билбао на лето, заменувајќи го Ернесто Валверде, а неговиот договор е на 2 години.
Валверде долго време е на чело на тимот од Булбао, и има повеќе од 500 мечеви како кормилар на тимот но менаџментот очигледно смета дека е потребно ново лице.
Терзиќ има во моментов 43. години и е еден од најперспективните тренери во Европа.
ℹ️ Edin Terzić has agreed a deal to become Athletic Club's head coach for the next two seasons.
— Athletic Club (@Athletic_en) May 5, 2026

