Дон Карло откри кога Реал ќе одлучи за Модриќ!

15.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дон Карло откри кога Реал ќе одлучи за Модриќ!

Ова по малку делува и како сага. Лука Модриќ сака да остане во Реал и покрај возраста, подготвен е и на намалување на платата, едноставно не му се оди надвор од Мадрид.

Јасно е дека Флорентино Перез има свои планови. Од друга страна фановите на Реал посакуваат Хрватот да остане, а дали тоа ќе се случи свое видување имаше тренерот на “кралевите“ Карло Анчелоти на прес конференцијата веднаш по мечот со Алавес кој Реал го доби со 5:0.

Модриќ си кажа, тој сака да остане. Сега Реал треба да каже на тоа дали Лука останува. За тоа ќе се решава веднаш по финалето во Лигата на Шампионите, а тоа е на 1 јуни“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата