Довчерашниот тренер на Реал Мадрид, а сегашен селектор на Бразил, Карло Анчелоти е виновен за даночно затајување и за тоа доби затворска казна од една година. Даночниот прекршок е направен во 2014, додека за нешто слично за таа 2015, тој е ослободен од обвиненијата за кои се товареше.
Сепак славниот тренер нема да биде зад решетки и тоа поради низа олесинителни околности, но и поради по малку чудниот закон во државата Шпанија.
Сепак судот не му прости кога се парите. Па така покрај затворската казна, Дон Карло ќе мора да плати и 390.000 евра а со тоа ги загуби правото за даночно олеснување.
ФОТО: Реал Мадрид ФЦ