Дон Карло: “Ќе му пронајдеме место на Мбапе во тимот, ќе го ставиме некаде“!

21.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дон Карло: “Ќе му пронајдеме место на Мбапе во тимот, ќе го ставиме некаде“!

Откако и официјално Килијан Мбапе потпиша за Реал Мадрид и ќе го носи дресот на “кралевите“ до 2029 година, сега сите се прашуваат каде ли, на која позиција ќе игра фантастичниот напаѓач.

Познато е дека Мбапе најмногу сака да игра на левата крилна позиција во нападот, ама таму е Винисиус. Со цел да не се прават уште на стартот проблеми, се очекува стратегот Карло Анчелоти на Мбапе да му ја довери ценстралната позиција во нападот, лево би играл Вини а деснио Родриго.

А каде ли ќе игра Ендрик?

На прашањето на која позиција ќе игра Мбапе, стратегот на Реал истакна:

“Ќе му пронајдеме место на Мбапе во тимот, ќе го ставиме некаде“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата