Дон Карло: Играчите немаат проблем да добиваат помали плати ако играат помалку натпревари!

20.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дон Карло: Играчите немаат проблем да добиваат помали плати ако играат помалку натпревари!
Фото: ФЦ Реал Мадрид

И дефинитивно во светскиот фудбал се разгоре дебатата околу тоа дали календарот на новата фудбалска сезона е пренатрупан со многу натпревари и дали играчите како Родри, Карвахал останатите кои повикуваат на генерален штрајк се во право.

Прво им одговори Луис Фиго кој истакна дека ако играат помалку натпревари тогаш ќе мора да земаат и помали плати.

На неговите зборови свој коментар имаше и Дон Карло Анчелоти, стратегот на Реал Мадрид и еден од најдобрите тренери во историјата:

Јас и порано говорев на оваа тема, денеска само ќе повторам. Фудбалот мора да застане и да погледне што прави. Целта е да игра помалку за да се избегнат се почестите повреди. Јас знам дека играчите немаат проблем за да им се намалат платите ако играат помалку натпревари“ истакна Анчелоти.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата